• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

МВР-билтен

МВР-билтен

Скопје, 27 март 2025 (МИА) - На 26.03.2025 во 16.25 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица, патничко возило „фолксваген голф“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од П.М. (71) од Македонска Каменица, удрило во пешакот И.Ј.(80). Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

На 26.03.2025 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје,  затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и таблети. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против Б.Т.(28), И.Ф.(45) и Х.О.(28) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”. На 22 и 23.03.2025 на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, пријавените на увид приложиле фалсификувани меѓународни зелени карта за товарните возила што ги управувале.

На 26.03.2025 во 19 часот во СВР Тетово, М.М.(38) од Скопје пријавил дека околу 17 часот на стадион во Тетово, за време на фудбалски натпревар помеѓу ФК „Тетекс“ од Тетово и ФК „Влазрими“ од Кичево, на кој бил судија, бил физички нападнат од физиотерапевтот Ј.С. и голманот В.Н., двајцата од гостинската екипа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.03.2025 во 19.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел“ со германски национални ознаки, управувано од Ј.С.(30) од с.Долно Количани, Скопско, и патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, кое по незгодата го напуштило местото на настанот. Во незгодата со телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „опел“ С.К.(27) од с.Количани, Скопско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 26.03.2025 во 11 часот во СВР Скопје, Б.Д.(45) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.03.2025 во 17 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода А.М.(24) и А.М.(23), двајцата од село Криволак, Неготинско. Тие биле фатени при обид да извршат кражба во правен субјект во близина на село Пепелиште, Неготинско. Кај нив биле пронајдени и одземени предмети со кои се обиделе да го извршат делото. Лицата биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.03.2025 во 16.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.А.(55) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, остри предмети, пушка, куршуми и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 26.03.2025 во 09.20 часот во Полициската станица Бит Пазар, А.И.(41) од Скопје пријавил дека на Средно Водно ги пронашол своите штитеници А.С.(16) и М.С.(12), за кои на 22.03.2025 беше пријавено дека се оддалечиле од домот. 

На 26.03.2025 во 21.30 часот во СВР Скопје, 18-годишна девојка од скопско село пријавила дека на автобуска постојка на подрачјето на Центар била допирана по телото од едно машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. мд/

Фото: МИА архива 

 

 

 

 

Остани поврзан