Мбапе петти пат играч на месецот во Лига 1
- Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе беше прогласен за најдобар играч во францускиот шампионат за февруари.
Париз, 19 март 2021 (МИА) - Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе беше прогласен за најдобар играч во францускиот шампионат за февруари.
Фудбалерот постигна четири гола во Лига 1 минатиот месец и собра 39% од гласовите, победувајќи ги Висам Бен-Једер (Монако, 33%) и Мемфис Депај (Лион, 28%).
Мбапе е играч на месецот во Лига 1 за прв пат оваа сезона и 5-ти пат во кариерата.
Според овој индикатор, тој се израмни со Златан Ибрахимовиќ, кој играше за ПСЖ од 2012 до 2016 година. зс/