• петок, 22 ноември 2024

Ма: Ако сте немале Ковид-19, најверојатно немате ни пријатели

Ма: Ако сте немале Ковид-19, најверојатно немате ни пријатели
Сеул, 29 март 2022 (МИА) - Ако досега сте немале Ковид-19, најверојатно немате ни пријатели, објави на Фејсбук јужнокорејскиот лекар и потпретседател на јужнокорејското Здружение за вакцинација, Ма Санг-хјук. - Возрасните лица кои не биле заразени со Ковид, имаат проблеми во меѓучовечките односи, напиша Ма Санг-хјук, а по кратко време ја избриша објавата. Во коментари на објавата на Ма имаше и критики од лица кои досега не биле заразени, а, не се сметаат за асоцијални. Откако ја избриша објавата, Ма појасни дека се послужил со метафора и дека не го разбрале добро. - Сакав да истакнам колку е тешко да се избегне вирусот во ситуација со висока стапка на заразени во близина, наведе Ма. Претходно, Бренда Крабтри инфектолог од Мексико, во една статија напиша: „Ако сега немате пријатели кои се заразени, немате пријатели“. И двете изјави се дадени во време кога нивните земји беа погодени од нов бран на коронавирусот, предизвикан од сојот омикрон. бд/ми/

Остани поврзан