• четврток, 23 мај 2024

Маќедонци: НАТО сериозно да ги третира движењата на српската војска на границата со Косово

Маќедонци: НАТО сериозно да ги третира движењата на српската војска на границата со Косово

Приштина, 12 април 2024 (МИА) - Министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци изјави дека НАТО треба сериозно да се однесува кон движењата на српските воени трупи околу границата со Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
По денешната средба на неговиот кабинет со шефицата за тековни операции при Одделот за операции на Генералштабот на НАТО, Ариела Виехе, Маќедонци порача дека распоредувањето на српските војници е закана за стабилноста на регионот.

На средбата разговаравме и за безбедносната ситуација на Косово и го истакнав фактот дека распоредувањето на српските воени трупи околу границата со Косово претставува постојана закана за стабилноста на Балканот и дека таквите потези на Србија треба да бидат сериозно третирани и од НАТО, напиша Маќедонци на неговиот Фејсбук.

Косовскиот премиер Албин Курти пред три недели објави видео и изјави дека специјализирани единици на српската војска биле забележани на само неколку метри од границата со Косово, во близина на селото Бање во Зубин Поток. Тој рече дека вакви движења имало и во село Осларе кај Бујановац во близина на границата.

Свесни сме дека вооружените сили на Србија вршат редовни вежби и ги користат како изговор за да предизвикаат намерни провокации во близина на границата со Косово. Внимателно набљудуваме дали ќе се обидат да ја поминат границата, бидејќи ниту ваквото приближување на нивните воени возила не е нормално, напиша Курти. иа/ссм/

фото: архива

Остани поврзан