• среда, 15 мај 2024

„Мајкрософт“ и „Орео“ создадоа посебно колаче

„Мајкрософт“ и „Орео“ создадоа посебно колаче

Лос Анџелес, 10 јануари 2023 (МИА) - „Мајкрософт“ и „Орео“ повторно ги здружија силите и создадоа посебни, специјални колачиња... Се работи, всушност, за шест различни дизајни на „Орео“ колачиња на тема - видеоигрите за „Иксбокс“. Од нив, едниот го содржи логото на „Иксбокс“, а останатите ги претставуваат копчињата на џојстикот.

Колачето е сочинето од класичната „Орео“ комбинација на чоколадо и крем, но пакувањата ќе содржат и специјални шифри за видеоигрите, како што се „Halo Infinite“ „Forza Horizon 5“ и „Sea of Thieves“.

Специјалните пакувања од колачињата ќе бидат достапни во 22 земји, но залихите се ограничени. „Мајкрософт“ не открива за кои држави станува збор.

Ова не е прва соработка меѓу „Мајкрософт“ и „Орео“.  си/

Остани поврзан