„Ер-Би-Ен-Би“ користи ВИ за спречување ризични или непријатни изнајмувања за новогодишни забави
- Доколку се покаже дека огласот е со повисок ризик, или пак, лажен, платформата ја блокира резервацијата, или ги пренасочува корисниците на други места за сместување.
Лос Анџелес, 31 декември 2024 (МИА) - Американската интернет-платформата за краткорочно изнајмување и сместување, „Ер-Би-Ен-Би (Airbnb) веќе неколку години користи вештачка интелигенција за да препознае и спречи потенцијално ризично или можно непријатно изнајмување за новогодишната ноќ и други поводи, пренесуваат западните медиуми.
Платформата соопшти дека овие мерки се засновани на машинско учење, па така ги идентификуваат и блокираат резервациите за „домовите со висок ризик“. Технологијата, имено, ја зема предвид должината на патувањето, за колку денови се изнајмува просторијата, видот на рекламата, растојанието до местото и времето кога е направена резервацијата за да се утврди дали тоа претставува некаква опасност. Доколку се покаже дека огласот е со повисок ризик, или пак, лажен, платформата ја блокира резервацијата, или ги пренасочува корисниците на други места за сместување.
Гостите сега, на пр., мора да потврдат дека разбираат дека нелегалните или гласните забави се забранети на „Ер-Би-Ен-Би“ и дека може да бидат исфрлени од платформата доколку не го почитуваат тоа.
Американската компанија ги воведе тие ограничувања во 2020 година, а како последица, се тврди, е и намалениот број жалби за одржаните резервации. „Ер-Б-Ен-Би“ објави дека само лани биле блокирани околу 74.000 барања за сместување за забава за Нова година. си/сд/
Фото: МИА архива