• вторник, 21 мај 2024

Мајкл Олис е првата трансфер цел на Манчестер јунајтед

Мајкл Олис е првата трансфер цел на Манчестер јунајтед

Манчестер, 16 март 2024 (МИА) - Бордот на директори на Манчестер Јунајтед ја одобри нивната прва сигурна трансфер цел - крилото на Кристал Палас, Мајкл Олис. „Црвените ѓаволи“ ова лето ќе се обидат да ги склучат своите зделки доволно брзо за да имаат можност да постигнат синхронизација во работата на тимот во подготвителниот период.

Во текот на изминатата недела, се појавија низа извештаи кои го поврзуваат името на играчот со Манчестер Јунајтед. Најпрво фудбалерот му кажа на својот агент дека сака да замине од сегашниот клуб, потоа интерес пројавија „црвените ѓаволи“, а се верува дека Кристал Палас е подготвен да одреди цена за фудбалерот.

Еден од проблемите поврзани со трансферот на играчот не е толку сумата колку неговата физичка состојба. Во тековната сезона во ПЛ има одиграно само 755 минути, но во нив беше исклучително ефикасен - постигна 6 гола и 3 асистенции.

Мајкл Олис се смета за еден од најголемите таленти во англискиот фудбал и од неговото време во Квинс Парк Ренџерс, тој е следен од елитните клубови поради неговата одлична работа со топка, дриблинг и финиш. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан