• вторник, 23 јули 2024

Мацари: Против Јувентус одигравме одличен натпревар, но ни недостасуваше одлучност

Мацари: Против Јувентус одигравме одличен натпревар, но ни недостасуваше одлучност

Неапол, 9 декември 2023 (МИА) - Тренерот на Наполи, Валтер Мацари, се осврна на поразот од Јувентус во дербито од 15. коло на италијанското првенство.

Актуелниот италијански фудбалски шампион синоќа на гостувањето во Торино загуби со 1:0 и уште повеќе се оддалечи од врвот на табелата во Серија А.

- Она што ни недостасува во моментов е одлучноста што може да ја направи разликата во балансиран натпревар како овој. Јувентус е одличен специјалист за контра-напади, но ние многу малку им дозволивме да ги изведат. Некои елементи треба да се подобрат, вклучително и нивото на кондиција на играчите. Секој кој разбира фудбал знае дека се случуваат вакви моменти. Моите момци одиграа одличен натпревар. Мислам дека доминираа принудувајќи го Јувентус да се брани во својата половина речиси цело второ полувреме, го цитира Мацари „Football Italia“.

Јувентус со 36 бодови е лидер во поредокот во Серија А, Наполи е на 5. место со 24 бода. зс/

Фото: ФК Наполи

Остани поврзан