• недела, 22 декември 2024

Махмуд Абас го осуди убиството на лидерот на Хамас

Махмуд Абас го осуди убиството на лидерот на Хамас

Рамала, 31 јули 2024 (МИА)  - Палестинскиот претседател Махмуд Абас остро го осуди убиството на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, во Техеран, пренесе агенцијата Вафа.

Британските медиуми јавуваат дека палестинските национални и исламски фракции повикаа на генерален штрајк и масовни демонстрации по убиството на Ханија.

Иранската револуционерна гарда утринава соопшти дека Ханија и неговиот телохранител биле убиени во Техеран, каде лидерот на Хамас присуствувал на инаугурацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

Никој не ја презеде одговорноста, но се сомнева дека зад убиството стои Израел, кој претходно вети дека ќе ги убие лидерите на Хамас за нападот на групата на 7 октомври, пренесоа американските медиуми.

Хамас убиството го оцени како „сериозна ескалација“ и се закани со „војна за ослободување на Ерусалим“.

Израел засега не излезе со изјава за убиството, што е често случај кога станува збор за атентати извршени од израелската разузнавачка агенција Мосад, наведуваат американските медиуми.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан