• четврток, 21 ноември 2024

Материјалните и кадровските ресурси во Јавното обвинителство, теми на средбата Агелер - Коцевски

Материјалните и кадровските ресурси во Јавното обвинителство, теми на средбата Агелер - Коцевски

Скопје, 7 март 2024 (МИА) - Состојбите во Јавното обвинителство и предизвиците со кои се соочува институцијата, најмногу од аспект на материјалните и кадровските ресурси, биле теми на дискусија на денешната средба на јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски со амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер.

Коцевски, како што соопшти ЈОРСМ, се заблагодарил за поддршката што САД ја даваат за Обвинителството, особено за воспоставувањето и опремувањето на истражните центри во Основното јавно обвинителство Скопје и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Амбасадорката Агелер истакнала дека поддршката на САД ќе продолжи на сите нивоа кон сите поединци што работат со интегритет и тие кои се посветени да ги дадат најдобрите услуги на граѓаните, додавајќи дека од воспоставувањето на стратешкото партнерство на САД со нашата земја, американската финансиска поддршка за целокупниот систем за владеење на правото изнесува околу половина милијарда долари.

Во соопштението се наведува дека амбасадорката Агелер остварила средба и со сите обвинители во републичкото обвинителство, при што се информирала за тековните активности со следење на евентуални нерегуларности поврзани со претстојниот изборен процес. дма/бак/

Фото: ЈОРСМ

Остани поврзан