• петок, 22 ноември 2024

Масивен руски напад со дронови врз Одеса, украинската ПВО соборила десет

Масивен руски напад со дронови врз Одеса, украинската ПВО соборила десет

Киев, 11 март 2024 (МИА) - Руските сили во текот на ноќта извршија масовен напад со беспилотни летала врз пристанишниот град Одеса, при што беа оштетени инфраструктура и станбени згради.

Киев Индипендент пренесува дека противвоздушната одбрана (АВО) оперирала час и половина, одбивајќи ги дроновите „шахид“.

Се наведува дека борбените дронови доаѓале од правец на Црното Море.

„Украинското воено воздухопловство во текот на ноќта собори десет борбени беспилотни летала“, соопшти армијата.

Се наведува дека во овој напад, според прелиминарните извештаи, нема жртви.

Дрон удрил во инфраструктурен објект во Одеса, предизвикувајќи пожар, но пожарникарите успеале да го локализираат пламенот.

Остатоците од соборените дронови паѓале во околното подрачје. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан