• среда, 24 јули 2024

МАСЕХ ги прославува најголемите достигнувања во полето на искуството на клиентите и вработените

МАСЕХ ги прославува најголемите достигнувања во полето на искуството на клиентите и вработените

Скопје, 29 мај 2024 (МИА) – Со гала вечер, Македонската асоцијација за искуство на клиенти и вработени (МАСЕХ) вечер ќе даде признанија и прослава на најголемите достигнувања во полето на искуството на клиентите и вработените.

Вечерта на признание и прослава ќе се одржи во Хотел Русија, Скај Бар, со почеток во 19 часот. На неа МАСЕХ ќе го одбележи успехот на пет македонски компании кои добиле признание GREAT EMPLOYEE EXPERIENCE во рамки на програмата за сертификација на искуството на вработените Quintaum Employee Experience Certification Programme MACEX 2024. 

Вториот настан, FIRESTARTER24 - Меѓународна конференција за искуство на клиенти и вработени, ќе се одржи утре во хотел DoubleTree by Hilton, Скопје. 

Како што информираат од МАСЕХ, на конференцијата ќе бидат истражени најновите трендови, најдобрите практики и стратегии за унапредување на искуството на клиентите и вработените.

На конференцијата ќе учествуваат над 150 професионалци, а предавачите и панелистите на конференцијата доаѓаат од различни деловни области од Македонија и странство.ар/лв/
Фото: МАСЕХ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан