• понеделник, 23 декември 2024

Мисајловски – Гир: Интензивирање на соработката со ЕУ во доменот на безбедноста и одбраната

Мисајловски – Гир: Интензивирање на соработката со ЕУ во доменот на безбедноста и одбраната

Скопје, 24 јули 2024 (МИА) - Интензивирање на соработката со ЕУ во доменот на безбедноста и одбраната биле фокус на денешната средба на министерот за одбрана Владо Мисајловски со амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир и нерезидентното одбранбено аташе, полковникот Пиетро Мостарди во Министерството за одбрана.

Од Министерството за одбрана соопштија дека амбасадорот Гир му го честитал изборот на министерот Мисајловски и му посакал успех во работата со очекување за продолжување на добрата соработка.

Гир се заблагодарил што нашата земја е меѓу топ пет држави по глава на жител во светот во однос на донациите кон Украина.

- На средбата се потенцираше за интензивирање на соработката со ЕУ во доменот на безбедноста и одбраната и за можноста за продлабочување на соработката со ЕУ во делот на реформи во системот за управување со кризи. Министерот Мисајловски изрази благодарност за брзата реакција на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ со што се помогна во делот на пожарите кои ја зафатија нашата земја. Исто така министерот го информираше амбасадорот за потпишувањето на Писмото на намери за воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност кој се потпиша на НАТО Самитот во Вашингтон, се вели во соопштението од МО. цр/вг/

Фото: МО

Остани поврзан