• среда, 26 јуни 2024

Мартинез: Покажавме издржливост, волја и верба

Мартинез: Покажавме издржливост, волја и верба

Лајпциг, 19 јуни 2024 (МИА) - Селекторот на португалската фудбалска репрезентација Роберто Мартинез е задоволен од играта на своите избраници на натпреварот против Чешка во првото коло на Евро 2024 година.

Португалците синоќа во Лајпциг победија со 2:1, откако Чесите први дојдоа во водство.

- Денеска не беше игра за да се оцени тактиката, техниката или физичката состојба на тимот. Победивме денеска затоа што покажавме издржливост, волја и верба. За првпат извојувавме победа со силна волја, покажувајќи неверојатен карактер, изјави Мартинез. 

Во второто коло на ЕП 2024 Португалија ќе игра против Турција, а Чешка ќе се сретне со Грузија. Двата натпревари ќе се одиграат на 22 јуни. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан