• недела, 16 март 2025

Марта Кос изрази длабоко жалење за „страшната трагедија“ во Кочани

Марта Кос изрази длабоко жалење за „страшната трагедија“ во Кочани

Брисел, 16 март 2025 (МИА) - Еврокомесарката за проширување Марта Кос изрази „длабока тага“ поради трагедијата во Кочани и упати сочувство за жртвите.

- Длабоко натажени од трагичниот пожар во Кочани, Северна Македонија, кој однесе животи на премногу млади луѓе, наведе Кос во објава на Икс.

Изразувајќи сочувство за загинатите, Кос наведува дека нејзините мисли се „со жртвите, нивните најблиски и целата заедница за време на оваа страшна трагедија!“.

Најмалку 51 лице загина, а над 100 се повредени во пожар што се случи синоќа во дискотека во Кочани. сп/бак/

Фото: Икс

Остани поврзан