• понеделник, 17 март 2025

Пет лица од Штип меѓу загинатите во Кочани, меѓу нив двајца членови на бендот ДНК

Пет лица од Штип меѓу загинатите во Кочани, меѓу нив двајца членови на бендот ДНК

Штип, 16 март 2025 (МИА) - Во несреќата во дискотеката во Кочани, според првичните информации од Општина Штип, загинати се пет лица од оваа општина, од кои три деца. 

Како што изјави градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, двајцата возрасни се директорот на Центарот за култура Филип Стевановски и вработен во основното училиште „Ванчо Прќе“ кои свиреле во бендот „ДНК“.

Во синоќешниот пожар во Кочани, според последните информации што ги објави МВР,  починале 59 лица, а 155 се повредени. За четири лица распишана е централна потерница, а досега извршени се разговори со десет хоспитализирани лица, како и со еден од членовите на групата ДНК. вдј/бак/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан