• четврток, 21 ноември 2024

Маричиќ на ТАИЕКС работилница во Белград

Маричиќ на ТАИЕКС работилница во Белград

Скопје, 11 јини 2024 (МИА) - Првиот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ ќе биде во официјална посета на Белград, Србија каде што ќе присуствува на ТАИЕКС настан, организиран во соработка со Министерството за европска интеграција на Република Србија, информираат денеска од Секретаријатот за европски прашања. 

Оттаму додаваат дека денеска и утре во Белград се одржува ТАИЕКС работилница на министерско ниво во соработка со ТАИЕКС службата во Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување (DG NEAR) со наслов ,,Како да се постигне успех во пристапувањето кон ЕУ: најдобри искуства, стратешко планирање и ефикасна имплементација"

-ТАИЕКС е механизам со која се поддржуваат проекти за државните службеници, главно во централната јавна администрација, правосудните органи и органите за спроведување на законот, државни службеници кои работат во парламенти и законодавни совети, претставници на синдикатите и здруженијата на работодавачи, се вели во соопштението од СЕП.

Целта на работилницата, како што нагласуваат од Секретаријатот, е да се споделат искуства од земјите од претходните рунди на проширување на ЕУ кои се потенцијално применливи за сегашните земји кандидати, со фокус на Кластерот 1, Фундаменти, да се направи преглед на конкретни примери на успешни приказни за интеграција во ЕУ (иницијативи) кои потенцијално би биле релевантни за земјите кандидати за ЕУ; и да се идентификуваат конкретни потреби за поддршка што би можеле да помогнат подобро да се насочи помошта од ЕУ или билатералната земја-членка, да се идентификуваат можности за понатамошна соработка помеѓу сегашните земји-членки на ЕУ и земјите кандидати или меѓу земјите кандидати, како и да се продлабочат професионалните мрежи и контакти меѓу земјите учеснички кои ќе го олеснат дијалогот и соработката во иднина.

На ТАИЕКС работилницата, покрај вицепремиерот Маричиќ, ќе учествуваат и државната секретарка Дрита Абдиу Халили и вработени во Секретаријатот за европски прашања. сст/са/

фото СЕП

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан