• среда, 26 јуни 2024

Маран си замина од Џенова, Балдарини по четврти пат ќе седне на тренерското место

Маран си замина од Џенова, Балдарини по четврти пат ќе седне на тренерското место
Џенова, 21 декември 2020 (МИА) – Тренерот на Џенова, Роландо Маран ја напушти функцијата во тимот за кој настапува Горан Пандев. - Клубот сака да им се заблагодари на тренерот и неговиот тим за нивната работа, се вели во соопштението на Џенова. Педесет и седумгодишниот Маран остана без работа поради лошите резултати. Тимот е претпоследен во Серија А со само седум бодови по 13 кола. Според најавите од Италија, испразнетото тренерско место ќе го пополни Давиде Балардини. Договорот со него ќе биде потпишан до крајот на јуни со можност за продолжување во случај на задржување на место во највисоката дивизија на Италија. Балардини (56) по четврти пат ќе ја предводи Џенова. Претходно работеше во клубот во 2010-2011, 2013 и 2017-2018 година. зс/

Остани поврзан