• четврток, 27 јуни 2024

Јорданеску по пласманот во осминафиналето: Ова се работи кои ги доживувате еднаш во животот

Јорданеску по пласманот во осминафиналето: Ова се работи кои ги доживувате еднаш во животот

Франкфурт, 26 јуни 2024 (МИА) - Романија првпат по 2000 година го слави пласманот во нокаут фазата на ЕУРО. Во последното коло одиграа нерешено 1:1 со Словачка и наспроти сите очекувања го освоија првото место во групата Е.

-Ова се работи кои ги доживувате еднаш во животот. Благодарност до сите навивачи, оние кои направија да се чувствуваме како дома на трите натпревари во Германија и оние како дома во Романија. Горд сум што сум Романец. Мислам дека сите се горди, изјави по натпреварот тренерот Едвард Јорданеску

Романците се уште не знаат против кого ќе играат во осминафиналето. Тоа ќе биде третата селекција од групата Ц или Д. Тоа значи Словенија или Холандија.

-Се надевам дека ова ќе продолжи. Сакам да им честитам на моите играчи. Денеска се вративме од заостанување, никогаш не се откажуваме. Секогаш играме со срце и интелигенција, дадовме се за да победиме, но и еден бод е голем, изјави Јорданеску.

Го чекаме расплетот во последната група Ф за да го добиеме конечниот костур од нокаут фазата. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан