• петок, 22 ноември 2024

Манчестер jунајтед одржа прелиминарни разговори со Рашфорд за нов договор

Манчестер jунајтед одржа прелиминарни разговори со Рашфорд за нов договор

Манчестер, 21 февруари 2023 (МИА) - Манчестер јунајтед сака да го продолжи договорот со напаѓачот Маркус Рашфорд, објави „Атлетик“.

Претходно клубот ја искористи клаузулата во договорот и го продолжи актуелниот договор за уште една година. Така, рокот на договорот се пресметува до 2024 година.

Сепак, Манчестер јунајтед се надева на подолга соработка. Со 25-годишниот фудбалер веќе се водени прелиминарни преговори за нов договор.

Рашфорд оваа сезона настапи на 36 натпревари и постигна 24 гола. Ова е најпродуктивната сезона во неговата кариера. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан