• среда, 15 мај 2024

Манчестер јунајтед се договори со Борусија за трансфер на Санчо за 85 милиони евра

Манчестер јунајтед се договори со Борусија за трансфер на Санчо за 85 милиони евра
Дортмунд, 1 јули 2021 (МИА) – Фудбалерот за врска на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата. Германскиот клуб ги договорил условите со Манчестер јунајтед за трансфер на Англичанецот, објави „Билд“. Англичаните ќе му платат на бундеслигашот 85 милиони евра. Земајќи ги предвид бонусите, износот може да порасне до 95 милиони. Санчо ќе добие петгодишен договор. Претходно беше објавено дека тој ќе заработува повеќе од 250 илјади фунти неделно во англискиот клуб. зс/

Остани поврзан