• петок, 17 мај 2024

Манчестер јунајтед подготвен да плати 70 милиони евра за Олисе

Манчестер јунајтед подготвен да плати 70 милиони евра за Олисе

 

Манчестер, 9 мај 2024 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Кристал Палас, Мајкл Олисе би можел да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед, пишува денешен „Сан“.

Според изворот, „црвените ѓаволи“ се подготвени да платат околу 70 милиони евра за 22-годишниот Французин.

За услугите на Олисе се заинтересирани и Астон Вила и Арсенал.

Сезонава Олисе настапи на 17 натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи девет голови, а додаде и четири асистенции. Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на играчот на 50 милиони евра. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан