• среда, 12 јуни 2024

Манчестер Јунајтед одржа првични разговори со еден од кандидатите за замена на Тен Хаг

Манчестер Јунајтед одржа првични разговори со еден од кандидатите за замена на Тен Хаг

Манчестер, 24 мај 2024 (МИА) - Раководството на Манчестер Јунајтед активно работи на различни опции за изгледот на тимот следната година и подготви список од четворица потенцијални кандидати во евентуалната одлука да го замени Ерик тен Хаг, информираат повеќето англиски медиуми.

Се работи за Киеран Мекена, кој импресионираше со својата работа на чело на Ипсвич, Томас Тухел, кој ќе го напушти Баерн Минхен за неколку дена, Маурицио Покетино, кој изненадувачки беше ослободен од Челси и Томас Франк, кој исто така покажува солидни резултати на кормилото на Брентфорд.

Иако конечната одлука за разделба со Тен Хаг се уште не е донесена, некои од шефовите на „Олд Трафорд“ веќе одржаа првични разговори со претставниците на Мекена, додаваат локалните новинари. Се очекува судбината на Холанѓанецот да биде решена по финалето на ФА Купот во сабота попладне.

И Челси и Брајтон покажуваат сериозен интерес за Киеран Мекена, но различни аналитичари се уверени дека самиот тренер повеќе би сакал да се врати на „Олд Трафорд“, каде што беше асистент последователно на Жозе Мурињо, Оле Гунар Солскјаер и Мајкл Керик.

Манчестер Јунајтед го постигна најлошиот финиш во ерата на Премиер лигата и заврши само на осмото место на табелата со само 60 бодови, необезбедувајќи директен пласман во Европа. „Црвените ѓаволи“ се уште имаат шанса да обезбедат пласман на европските турнири доколку утре го победат шампионот Манчестер Сити. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан