Манчестер јунајтед испрати последна понуда до Барселона за Фати
- Манчестер јунајтед се уште е сериозно заинтересиран за потписот на напаѓачот на Барселона, Ансу Фати.

Манчестер, 9 февруари 2023 (МИА) - Манчестер јунајтед се уште е сериозно заинтересиран за потписот на напаѓачот на Барселона, Ансу Фати.
Како што објави „Fichajes“, во Манчестер се подготвени да платат отштета во висина од 60 милиони евра за Фати и чекаат одговор од каталонскиот клуб.
Дваесетгодишниот Шпанец е „дете“ на каталонскиот великан. Неговиот актуелен договор со Барса е до летото 2027 година.
Во тековната сезона, Фати има 31 настап за Барселона во сите натпреварувања, постигнувајќи шест гола и три асистенции.
Вредноста на играчот според порталот „Трансфермаркт“ се проценува на 50 милиони евра. зс/