Манчестер сити потпиша рекорден договор со „Пума“
- Вредноста на овој десетгодишен договор, како што објави денеска лондонски „Гардијан“, изнесува рекордни една милијарда фунти.
Манчестер, 16 јули 2025 (МИА) – Англискиот фудбалски прволигаш Манчестер Сити ја продолжи соработката со германскиот производител на спортска опрема „Пума“ до 2035 година.
Вредноста на овој десетгодишен договор, како што објави денеска лондонски „Гардијан“, изнесува рекордни една милијарда фунти.
Со овој договор Сити годишно од „Пума“ ќе инкасира 100 милиони фунти, што е значително повеќе од претходните 65 милиони фунти на годишно ниво.
Со тоа ова стана рекорден договор на клуб со производител на спортска опрема, надминувајќи го договорот на градскиот ривал на Сити, Манчестер, Јунајтед, кој пред две години потпиша десетгодишен договор вреден 900 милиони фунти со „Адидас“.
„Пума“ е спонзор на Манчестер Сити од 2016 година. ег
ФОТО: ЕПА