• понеделник, 13 мај 2024

Манчестер сити го освои Суперкупот на УЕФА победувајќи ја Севилја на пенали

Манчестер сити го освои Суперкупот на УЕФА победувајќи ја Севилја на пенали

Атина, 16 август 2023 (МИА) - Во натпреварот за Суперкупот на Европа, Манчестер сити вечерва во Атина ја совлада Севилја со 5:4 на пенали. 

 

Основните 90 минути завршија нерешено 1:1. Јусеф Ен-Незири и донесе водство на Севилја во 25. минута. Кол Палмер во 63. минута го изедначи резултатот.

 

Во пенал-серијата сите играчи шутираа прецизно, со исклучок на Немања Гудељ кој шутираше последен и ја погоди гредата.

 

Манчестер Сити ја освои Лигата на шампионите минатата сезона, Севилја ја освои Лигата на Европа.

 

Англискиот куп за прв пат го освои Суперкупот во првото свое учество, додека шпанскиот тим остана на еден трофеј во ова натпреварување по седмото учество. зс/

 

Фото: Фејсбук

Остани поврзан