Манасиевски: Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ земале пари од партијата, си плаќале стотици илјади денари, додека молеле граѓаните да донираат за Левица
- Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ земале пари од партијата и си плаќале стотици илјади денари, додека ги молеле граѓаните да донираат за Левица. Во превод, вие донирајте, а тие ќе лапаат. Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ земале над милион денари во периодот од 2021 година до денес, наведува на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пренесува интегрално.
Скопје, 14 септември 2025
Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ земале пари од партијата и си плаќале стотици илјади денари, додека ги молеле граѓаните да донираат за Левица. Во превод, вие донирајте, а тие ќе лапаат. Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ земале над милион денари во периодот од 2021 година до денес, наведува на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пренесува интегрално.
Само во 2025 година, година во која Амар Мециновиќ е пратеник во Собранието, тој од Левица земал над 200.000 денари.
За што ти се овие пари, другар Мециновиќ?
Додека глумиш скромност, и додека го лажеш народот како Левица е против елитите, за народот, работниците и други весели бајки, ти млатиш стотици илјади денари секоја година преку Левица.
Зарем е мала пратеничката плата, Амар?
Лицемерието на Левица е тотално демаскирано.
Манасиевски: Очекуваме пратеникот Сашко Јанчев да си поднесе оставка од функцијата пратеник од морални причини
Прашање: Ваш коментар за синоќешната сообраќајка во Марино, каде се повредени две лица?
Одговор: За жал, навистина немил настан, посакувам брзо заздравување на повредените, а што се однесува до пратеникот од политичката партија Левица, Сашко Јанчев, очекуваме оставка од морални и етички причини.
Манасиевски: Левица се користи како една гума за спасување на ДУИ и Али Ахмети
Прашање: Во контекст на кандидатите за градоначалници во Тетово, Гостивар и Струга, од страна на политичката партија Левица, кој е вашиот коментар?
Одговор: Политичката партија Левица извади кандидати во Тетово, Гостивар и во Струга, а не извади на пример во општина Велес, од каде што и доаѓа претседателот на политичката партија Левица Димитар Апасиев, е чист доказ дека Левица се користи како една гума за спасување на ДУИ и на претседателот Али Ахмети, со цел да ги расцепкаат гласовите во овие општини. Јас тука би сакал да додадам и две прашања кон кандидатите за градоначалници во Струга и во Град Скопје, до Јована Мојсоска и Амар Мециновиќ. Дали истите ќе си поднесат неотповиклива оставка од функцијата пратеник, доколку ги загубат изборите, впрочем тоа и го говореа изминативе периоди дека доколку некој се кандидира за градоначалник треба и да си поднесе оставка од функцијата пратеник.
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=KESaVVYno70
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: ВМРО-ДПМНЕ