• среда, 10 јули 2024

Малдини сака да го види Имобиле во Милан

Малдини сака да го види Имобиле во Милан
Милано, 27 февруари 2021 (МИА) - Техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини сака да ја донесе на „Сан Сиро“ ѕвездата на Лацио, Чиро Имобиле. Според „Fichajes.net“, 31-годишниот Италијанец ќе биде една од главните цели на Милан во летниот преоден рок. Оваа сезона, Имобиле одигра 27 натпревари на сите натпреварување, постигна 19 гола и направи четири асистенции. Милан по подолго време се наоѓа во ситуација да избори пласман во Лигата на шампионите следната сезона и затоа уште од сега размислува за засилувања. зс/

Остани поврзан