• петок, 05 декември 2025

Начевски го објави списокот со повикани фудбалери за контролните натпревари со БиХ

Начевски го објави списокот со повикани фудбалери за контролните натпревари со БиХ

Скопје, 3 јуни 2025 (МИА) - Фудбалската репрезентацијата на Македонија до 16 години на почетокот на јуни во Зеница ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Босна и Херцеговина.

Селекторот Драган Начевски овие натпревари се одлучи да ги повика следните фудбалери:

голмани: Даријан Денковски, Ринор Цека и Амин Ауловиќ;

одбрана: Стефан Јордановски, Марко Иванов, Анес Бајрами, Филип Цветковски, Адријан Велески и Тео Стојчевски;

среден ред: Лука Кнежевиќ, Бленди Љачка, Сонер Ракипи, Марко Мирчевски, Лука Георгиески, Александар Полимац, Лука Лазаревски и Иса Мустафа;

напа: Ердин Мамути, Фадиљ Исламовиќ, Васко Папалиски, Јаков Стојковски и Антонио Сталески.

Првиот натпревар ќе биде одигран на 6 јуни со почеток во 17 часот, вториот е закажан за 8 јуни со почеток во 11 часот. зс/

Фото: ФФМ

Остани поврзан