• недела, 22 декември 2024

Макрон разговараше со Шолц за поддршка за Украина и за прекинот на огнот во Појасот Газа

Макрон разговараше со Шолц за поддршка за Украина и за прекинот на огнот во Појасот Газа

Париз, 6 септември 2024 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон денеска разговараше со германскиот канцелар Олаф Шолц за важноста да се продолжи со поддршката за Украина и потребата да се постигне договор за прекин на огнот во Појасот Газа, соопшти Елисејската палата.

Во соопштението се наведува дека Макрон и Шолц истакнале дека Франција и Германија ќе и пружат помош на Украина толку долго и интензивно колку што е потребно.

Двајцата лидери го осудија рускиот ракетен напад врз градот Полтава во централна Украина во кој во вторникот загинаа 55 лица, а 328 беа повредени. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан