• четврток, 26 март 2026

Макрон по телефонскиот разговор со Трамп: Русија купува време и ја продолжува војната

Макрон по телефонскиот разговор со Трамп: Русија купува време и ја продолжува војната

Париз, 16 мај 2025 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон објави на „X“ дека Владимир Путин повторно го отфрлил предлогот на САД за безусловно примирје, кое го поддржаа Украина и европските земји. Макрон ја даде изјавата по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, во кој учествуваа и Зеленски, Стармер, Мерц и Туск, веднаш по денешните разговори во Истанбул.

-Со одбивањето на примирје и дијалог со Украина, Русија покажува дека не сака мир и само се обидува да купи време со продолжување на војната, рече Макрон.

Тој додаде дека Европа, САД и коалицијата на сојузници ќе продолжат да координираат заеднички одговор, пред самитот на Европската политичка заедница во Тирана. мс/

фото: Принтскрин „Х“

Остани поврзан