• сабота, 27 април 2024

Макрон повикува на трајно зголемување на одбранбеното производство

Макрон повикува на трајно зголемување на одбранбеното производство

Париз, 12 април 2024 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика француската одбранбена индустрија трајно да го зголеми производството на оружје во услови на војна во Украина.

- Мораме трајно да се подготвиме за геополитичка и геостратешка промена во која одбранбената индустрија ќе игра растечка улога, рече Макрон поставувајќи камен-темелник за нова фабрика за експлозивен прав за компанијата Еуренко во југозападниот град Бержерак.

- Потребна е воена економија за да може Украина да биде снабдена со оружје за да се одбие руската инвазија, како и за нашата одбрана, рече тој и додаде дека „оваа динамика почна во Европа и светот‘.

– Оваа економија исто така е во наша корист, рече Макрон.

На пример, производството на хаубици испорачани во Украина се зголеми за три пати, што исто така го зголемува извозот на оружје. Европа не може да се откаже од Украина, се работи и за сопствената безбедност, нагласи Макрон.

- Ние Европејците мора да направиме повеќе и побрзо ако САД ги нема таму, ние Европејците мора да се мобилизираме и да најдеме ново финансиско решение. На ова поле тесно соработуваме со Германците, рече францускиот претседател. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан