• сабота, 27 јули 2024

Макрон вели дека признавањето на палестинската држава не е табу-тема во Франција

Макрон вели дека признавањето на палестинската држава не е табу-тема во Франција

Париз, 17 февруари 2024 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека признавањето на палестинската држава не е табу-тема во Франција во време кога расте фрустрацијата во светот поради акциите на Израел на палестинските територии.

Франција и ЕУ долго време го поддржуваат решението со две држави на Блискиот Исток, но во рамките на договорот постигнат преку преговори. Со оглед на тоа што преговорите одамна се во ќорсокак и додека израелската офанзива против палестинскиот Хамас во Газа се продлабочува, некои европски земји изразуваат поддршка за тоа порано да се признае палестинската држава.

„Признавањето на палестинската држава не е табу тема во Франција. Тоа им го должиме на Палестинците чии аспирации беа прегазени предолго. Им го должиме тоа на Израелците кои живееја преку најлошиот антисемитски масакр на нашето време. Му го должиме тоа на регионот кој сака да се издигне над оние кои промовираат хаос и сеат одмазда“, рече Макрон. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан