• понеделник, 03 февруари 2025

Македонско-бугарската стопанска комора и Амбасадата на Бугарија им поделија новогодишни подароци на децата во општина Зрновци

Македонско-бугарската стопанска комора и Амбасадата на Бугарија им поделија новогодишни подароци на децата во општина Зрновци

Кочани, 19 декември 2023 (МИА) – Претставници од Македонско-бугарската стопанска комора и делегација од Амбасадата на Република Бугарија денеска ја посетија Општина Зрновци, во рамки на соработката што беше воспоставена минатата година.

На средбата со градоначалникот Борчо Коцев, претседателката на Комората Билјана Митева и секретарот на службата за трговско-економски прашања во бугарската амбасада, Красимир Драгнев ја истакнаа поддршката во работењето на lокалната самоуправа, а на децата од градинката и од основното училиште им поделија новогодишни подароци што беа обезбедени во соработка со компанијата „Еко пак хит“ од Кочани. 

-Задоволство е што има општествено одговорни фирми кои се наши поддржувачи, а заедничка ни е целта пред претстојните празници на најмладите да им пружиме соодветно внимание и да ги направиме што посреќни. Ги повикувам и другите компании во државата да се вклучат во соработката со нашата комора, да покажеме различност и да направиме бизнис без граници. Токму детските насмевки што ги добивме денеска се привилегија и потврда дека нашите заложби се во вистински правец, истакна Митева.

Градоначалникот Борчо Коцев упати благодарност за поддршката од Македонско-бугарската стопанска комора, во очекување соработката да продолжи со реализација на нови проекти, особено во областа на екологијата.

- Еден од приоритетите на општина Зрновци, која е најмала според бројот на население, е да прерасне во најеколошка и да обезбедиме здрава животна средина за граѓаните. Поради тоа бараме можност преку програмата за прекугранична соработка за реализација на заеднички проект во партнерство со некоја бугарска општина, истакна градоначалникот Коцев.

Локалната самоуправа на Зрновци има повеќегодишна соработка со компанијата „Еко-пак хит“ од Кочани, која е овластена за управување со отпадот од пакување, а во изминатиот период се реализирани активности за селекција на отпадната пластика.та/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан