Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајна несреќа во Албанија
- - Несреќата се случила на патниот правец Прењас-Либражд, кај местото викано Пишкаш околу 00:10 часот, кога се судриле патничко моторно возило "мерцедес" и камион со скопски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, објавија албанските медиуми.
![Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајна несреќа во Албанија](https://mia.mk/images/20250215094325_big_730x400_30.webp )
Тирана, 15 февруари 2025 (МИА) - Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајна несреќа што се случила во Албанија во близина преминот Ќафасан, нешто по полноќ.
- Несреќата се случила на патниот правец Прењас-Либражд, кај местото викано Пишкаш околу 00:10 часот, кога се судриле патничко моторно возило "мерцедес" и камион со скопски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, објавија албанските медиуми.
Како последица на несреќата животот го загубила сопатничката во автомобилот а тешко е повреден Зеф Синани (34), кој управувал со автомобилот. Повредениот прво бил пренесен во болницата во Либражд, а потоа во регионалната болница во Елбасан.
Причина за несреќата најверојатно е движењето на возилата со брзина поголема од дозволената. вт/нд/
Фото: МИА архива