Орце Ѓорѓиевски: После 30 години голгота, конечно се реконструира патот за Пеленица
- Кисела Вода, Драчево и Студеничани ќе имаат поквалитетни услови за живот – истакна градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, при неговата посета на делницата Драчево – Пеленица која после 30 години се реконструира.

Скопје, 13 февруари 2025
Кисела Вода, Драчево и Студеничани ќе имаат поквалитетни услови за живот – истакна градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, при неговата посета на делницата Драчево – Пеленица која после 30 години се реконструира.
Тој нагласи и дека покрај нов пат, ќе се изгради и тротоар за првпат досега, како и третирање на атмосферските води со ф1000 цевки.
- Патот за Пеленица - после 30 години голгота, конечно реалност!
Со одлична динамика се одвива реконструкцијата на патната делница Драчево - Пеленица, која значително ќе го подобри квалитетот на животот на жителите од Драчево, Кисела Вода и Студеничани, а сето тоа благодарение на Премиерот Hristijan Mickoski.
Станува збор за реконструкција на фреквентна сообраќајница со должина од 3.370 метри и ширина околу 6 метри, а ќе биде изграден и тротоар од едната страна, што никогаш досега го немало.
Тука ќе се изведува и третирање на атмосферските води со ф1000 цевки и поставување на каналетки за одведување на водите.
Ова е доказ дека во Кисела Вода се случува инфраструктурен бум, дека ги споделуваме заедничките вредности со Владата и се обединуваме околу клучни проекти кои се во интерес на народот, за што сакам да изразам искрена благодарност до Премиерот Христијан Мицкоски за оваа значајна поддршка.
Продолжуваме!
Мојот народ заслужува, а најдоброто допрва доаѓа! – истакна Ѓорѓиевски.
Општина Кисела Вода
Фото: Општина Кисела Вода
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.