• четврток, 09 мај 2024

Македонските фудбалерки поразени од Словенија во евроквалификациите

Македонските фудбалерки поразени од Словенија во евроквалификациите

 

Скопје, 9 април 2024 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство, откако попладнево загуби во Скопје од Словенија со 5-0 (2-0) во рамки на 2 коло во групата Ц 2.

Словенечките фудбалерки на теренот на Комплексот на ФФМ ја оправдаа фаворитската улога и веќе по првото полувреме обезбедија предност од 2-0 со головите на Каја Корошец во 23. минута и Матеја Звер во 29. минута.

Во второто полувреме, Лара Прашникар во 56. минута го зголеми словенечкото водство на 3-0, а гостинските фудбалери во финишот на натпреварот дојдоа до убедлива победа со погодоците на Нина Кајзба и Шпела Колбл во 84. и 88. минута.

На воведниот натпревар во групата, македонската репрезентација славеше гостинска победа против Летонија со 4:3. ег ФОТО: ФФМ

Остани поврзан