• среда, 08 мај 2024

Македонските фудбалерки до 17 без освоен бод го завршија настапот на турнирот во Полска

Македонските фудбалерки до 17 без освоен бод го завршија настапот на турнирот во Полска

Варшава, 20 март 2024 (МИА) - Младата македонска фудбалска женска репрезентација со три порази го заврши настапот на квалификацискиот турнир одржан во периодот од 13 до 19 март во Полска.

Македонките беа во групата 7 во рамките на А лигата (втора рунда) од квалификациите и за противници ги имаа Полска (домаќин), Данска и Шкотска.

Во првото коло македонската репрезентација загуби од домашната селекција со 9:0, потоа следуваше пораз од Данска со 3:0, а во последното коло од Шкотска со 7:0.

Првото место го освои домаќинот и фаворитот во групата Полска со три победи и девет освоени поени. На второто место се најде селекцијата на Шкотска со две победи, пораз и шест освоени бодови. Трета заврши Данска со три освоени бодови.

Во следниот квалификациски циклус, македонските фудбалерки до 17 години ќе играта во Лига Б. зс/

Фото: ФФМ

Остани поврзан