• среда, 15 мај 2024

Гринвуд трансфер цел на Барселона

Гринвуд трансфер цел на Барселона


Мадрид, 8 мај 2024 (МИА) – Претседателот на шпанскиот прволигаш Хетафе, Анхел Торес, откри дека неговиот колега од Барселона, Жоан Лапорта е заинтересиран за напаѓачот Мејсон Гринвуд. 
Фудбалерот е во сопственост на Манчестер Јунајтед и оваа сезона настапува како позајмен фудбалер во Хетафе.
„Лапорта ме праша за Гринвуд. Тој располага со некои информации“, рече претседателот на Хетафе.
Според англиските медиуми, Манчестер Јунајтед има намера да се раздели со Гринвуд ова лето, а за фудбалерот беа заинтересирани Атлетико Мадрид и Јувентус. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан