• понеделник, 23 декември 2024

Македонските пчелари ќе донираат мед во медицинските центри

Македонските пчелари ќе донираат мед во медицинските центри

Битола, 6 април 2020 (МИА) - Македонскиот Сојуз на пчеларски здруженија организира хуманитарна акција за донирање мед на здравствените работници во македонските медицински центри.

Во изјава за МИА, Менде Трајковски, претседател на Сојуз на пчеларски здруженија истакна дека на Денот на здравствените работници и денот на здравјето 7-ми Април, ќе донираат во медицинските центри во повеќе македонски градови.

-Ние пчеларите сметаме дека сме едни од најхуманите луѓе бидејќи ги одгледуваме најкорисните животни-инсекти, но не застануваме тука, и по повод денот на здравјето, утре на 7-ми Април, преку локалните пчеларски здруженија во Скопје, Битола, Куманово, Струмица, Прилеп, Охрид, Кочани, Крушево и Македонска Каменица ќе донираме мед кој ќе биде наменет за луѓето кои во овој момент се во „прва борбена линија" односно медицинските лица во клиничките центри-болниците, потврди Трајковски. мт/ир

Остани поврзан