• понеделник, 23 декември 2024

Македонските кошаркарски јуниори минимално поразени од Црна Гора

Македонските кошаркарски јуниори минимално поразени од Црна Гора

 

Скопје, 6 јули 2024 (МИА) – Македонската машка кошаркарска репрезентација до 18 години загуби синоќа во Скопје од соодветната селекција на Црна Гора со 92:90 на стартот од подготовките за настап на претстојното Европско првенство во Б дивизијата.

Македонската репрезентација на дуелот против Црна Гора беше во константно водство до завршните четири минути, кога противникот со серија од 8-0 поведе со 88:83 и во неизвесна завршница ја зачува предноста.

Најефикасен во македонските редови беше Марко Луканоски со 14. поени, а додаде и 14. Скокови.

Двете селекции ќе одиграат уште еден натпревар, кој е закажан за попладнево со почеток од 14. часот, на истото место, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Со двата контролни натпревари против Црна Гора избраниците на селекторот Горан Андреевски ги стартуваат подготовките за настап на Европското првенство во Б дивизијата кое од 26 јули до 4 август ќе се одржи во Скопје. ег ФОТО: КФСМ

Остани поврзан