• петок, 17 мај 2024

Македонскиот тим „eBionics“ победник на младинскиот предизвик „Генерација без граници 2019/2020“

Македонскиот тим „eBionics“ победник на младинскиот предизвик „Генерација без граници 2019/2020“
Скопје, 16 декември 2020 (МИА) - Во конкуренција на 180 тимови од 36 земји во категоријата на натпреварувачи под 18 години, македонскиот тим eBionics е глобален победник на годинешниов светски натпревар младински предизвик „Генерација без граници 2019/2020“ во Њујорк. Тимот победи со идејата „VenusArm“ односно бионичка рака печатена со 3Д принтер, а наменета за лицата со недостаток на подлактица од раката. Тимот „eBionics“, кој ја изработи бионичката рака, го сочинуваат Орхан Багашов - задолжен за дизајнот, Тео Китановски - за програмирањето, Борис Ночески - за менаџирање на социјалните мрежи и Анамарија Илиева - за изработка на веб-страницата. Станува збор за ученици во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје, кои работеа под менторство на професорот Иван Чорбев.бт/са/

Остани поврзан