• среда, 28 август 2024

Македонската репрезентација до 21 година освои три бода во Торшавн

Македонската репрезентација до 21 година освои три бода во Торшавн
Торшавн, 8 септември 2020 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација попладнево забележа победа со 2:1 на гостувањето кај Фарски Острови во дуел од квалификациите за Европското првенство за играчи до 21 година. Капитенот Милан Ристовски во 16. минута и Кристијан Ацковски во 80. минута ги постигнаа головите за „црвено-жолтите“, додека Петур Кнудсен погоди за домашната селекција во 84. минута. По шест одиграни натпревари, С. Македонија е на второто место на табелата во шестата група со 10 бодови. Лидер е Шпанија со 16 бода, исто така од шест меча. Израел е трет со осум бода од пет натпревари. Црна Гора и Казахстан имаат по седум бода, последни се Фарски Острови со само три бода. зс/

Остани поврзан