• понеделник, 25 ноември 2024

Атлетико ангажираше аргентински репрезентативец од Аталанта

Атлетико ангажираше аргентински репрезентативец од Аталанта

Мадрид, 27 август 2024 (МИА) - Атлетико Мадрид и официјално го објави потписот со голманот Хуан Мусо кој пристигнува од Аталанта на позајмица до крајот на сезоната.

Зделката е вредна 1,5 милиони евра, со опција за купување во износ од 7 милиони евра, која може да стане задолжителна по исполнување на одредени услови.

Очекувањата се дека Мусо ќе биде во улога на резервна опција на солидниот стартер Јан Облак. 30-годишниот чувар на мрежата беше привлечен од Аталанта во летото 2021 година со трансфер од Удинезе за 20,5 милиони евра. За тимот од Бергамо има запишано вкупно 99 натпревари со 117 примени голови и 32 суви мрежи, а минатата сезона триумфираше во Лига Европа.

Покрај тоа, голманот е репрезентативец на Аргентина, за чиј состав има 2 натпревари без примен гол и една освоена Копа Америка. дс

Фото: Х/Атлетико Мадрид

Остани поврзан