• недела, 22 декември 2024

МАЕИ и градоначалникот на Пустец го честитаа Рождеството Христово

МАЕИ и градоначалникот на Пустец го честитаа Рождеството Христово

Дебар, 7 јануари 2024 (МИА) - Единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и градоначалникот на општина Пустец упатија честитки по повод големиот христијански празник Рождеството Христово - Божик .

- Македонска алијанса за европска интеграција на сите православни Македонци им го честита големиот христијански празник Рождеството Христово-Божик, со најдобри желби за здравје и живот, мир и љубов, среќа, радост и благосостојба, стои во честитката. 

Во неа се наведува дека Божик е голем христијански празник, празник на светлината, надежта и спасението.

-Да ги негуваме семејните вредности на македонскиот народ и да даруваме безусловна љубов кон ближните. Нека е честит празникот и за многу години. Христос се роди, навистина се роди, посакува МАЕИ во божиќната честитка.

Од свое име од име на Советот на општина Пустец и општинската администрација честитка упати градоначалникот Пали Колефски.

- Божиќ е голем празник кој успева да донесе љубов и среќа во нашите домови. Нека целата година ве прати чувство на љубов, среќа, топлина и потреба за блиските да бидат до вас. Среќен Божик на сите, посакува меѓу другото Колефски.

Среќни божиќни празници, со желби за мир, хармонија, здравје, благосостојба посака  и македонското друштво „Илинден“-Тирана, во честитката упати до поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архиепископ охридски и македонски г.г.Стефан  и до сите верници. вт/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан