• четврток, 26 декември 2024

МААЕ: Во Натанц инсталирани понапредни центрифуги за збогатување на ураниум

МААЕ: Во Натанц инсталирани понапредни центрифуги за збогатување на ураниум

Техеран, 22 април 2021 (МИА) - Иран инсталираше понапредни центрифуги во подземната постројка за збогатување на ураниум во Натанц и планира дополнително да го зголеми нивниот број, со што продолжува кршењето на Договорот за иранската нуклеарна програма, се наведува во вчера објавениот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Според МААЕ, во Натанц инсталирани се шест каскади од 1044 ИР-2м центрифуги и две каскади 348 ИР-4 центрифуги, од кои одреден број се во употреба.

Додека во извештајот на МААЕ од 1 април се наведува дека Иран користи 696 ИР-2м и 174 ИР-4 центрифуги во Натанц.

Иран минатата недела објави дека продолжува со збогатување на ураниум до највисоко ниво досега од 60 проценти.

Според Договорот од 2015 година се ограничуваат нуклеарните амбиции на Иран во замена за укинување на санкциите и во него се посочува дека Техеран може да збогатува ураниум од 3,67 проценти. Иран негира дека сака да произведе нуклеарно оружје. ми/

Остани поврзан