• среда, 22 мај 2024

ЛШ: Барселона го освои „Парк де Пренс“, Атлетико подобар од Борусија Дортмунд

ЛШ: Барселона го освои „Парк де Пренс“, Атлетико подобар од Борусија Дортмунд

Париз, 10 април 2024 (МИА) - Барселона забележа вредна победа од 3:2 над Пари Сен Жермен во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите на стадионот „Парк де Пренс“.

Двата тима приредија вистински спектакл, одбележан со два пресврти. Најпрво Каталонците поведоа во 36. минута преку Бразилецот Рафиња. Сепак, во 50. минута Усман Дембеле го израмни резултатот на 1:1. По 120 секунди парижаните го свртеа натпреварот во своја полза благодарение на Витиња, кој го запиша своето име меѓу стрелците.

Тоа не се покажа доволно за победа бидејќи Рафиња и Андреас Кристенсен станаа херои за Барселона во 62. и 77. минута и донесоа голема победа среде Париз.

Атлетико Мадрид пак ја победи Борусија Дортмунд со 2:1 во првиот натпревар меѓу двата тима во четвртфиналето на Лигата на шампионите. 

Мадриѓани си ја завршија работата веќе во првото полувреме. Во 5. минута Родриго де Пол го постигна првиот гол, а во 32. минута Самуел Лино го постави резултатот на 2:0. 

На 2:1 намали Себастиен Алер ​​во 81. минута што се покажа како конечен резултат.дс

Фото: УЕФА

Остани поврзан