• четврток, 21 ноември 2024

Лукаревска: Несоодветно е да имате министри во Владата, а да не гласате за неа

Лукаревска: Несоодветно е да имате министри во Владата, а да не гласате за неа

Скопје, 28 јануари 2024 (МИА) - Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска смета дека е неосоодветно однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ која има свои министри во техничката Влада, а чии пратеници денеска не гласаа за Владата. 

- Денеска видовме дека внатре во македонското Собрание имавме пратеници кои не гласаа, а присуствуваа во салата, тоа е еден политички феномен. Слушаме дека немаме потреба од таа техничка влада токму од оние кои беа причина за да се направи таа техничка Влада по еден пржински терк. Kрајно несоодветно e ова однесување на ДПМНЕ, да имате свои министри во техничка Влада, а да не ги гласате, рече Лукаревска на гостување во „Отворено студио“ на ТВ 21.

Додаде дека ја радува тоа што политичките партии се обединуваат околу европската идеја. Вели дека се прават последните анализи и согледувања дали ќе се оди со заеднички листи, но, додава дека каква и да биде одлуката, европскиот фронт ќе биде победник на изборите. 

- Очекувам европскиот фронт да има голем број на пратеници. СДСМ на чело на тој европски фронт ќе овозможи да бидеме дел од ЕУ до 2030 година. Нема поубава и поцврста симболика од 8-ми мај во пресрет на Денот на Европа, 9 ти мај, рече Лукаревска. бак/

Фото: СДСМ

 

Остани поврзан