Луис Енрике го урна бразилскиот трансфер рекорд
- Ботафого потпиша договор со бразилскиот крилен напаѓач Луиз Енрике од шпански Реал Бетис за износ кој е бразилски рекорд во фудбалските трансфери.
Рио де Женеиро, 2 февруари 2024 (МИА) – Ботафого потпиша договор со бразилскиот крилен напаѓач Луиз Енрике од шпански Реал Бетис за износ кој е бразилски рекорд во фудбалските трансфери.
Ботафого соопшти дека договорот претставува најголемо обесштетување за трансфер кој кога и да е го платил клуб од Бразил, без да ги прецизира финансиските детали.
Сепак, шпанските медиуми јавија синоќа дека клубот од бразилската Серија А му платил на Бетис обесштетување од 20 милиони евра за услугите на 23-годишниот Енрике.
Енрике потпиша договор со Ботафого до крајот на 2028 година. ег ФОТО: Фејсбук