Реал покажа колку е голем, го продолжи договорот со Карвахал по тешката повреда
- Реал Мадрид објави продолжување на договорот со дефанзивецот Дани Карвахал.

Мадрид, 6 октомври 2024 (МИА) - Реал Мадрид објави продолжување на договорот со дефанзивецот Дани Карвахал.
Ова информација се појави на официјалниот сајт на мадридскиот тим кој покажа големина. Новиот договор на 32-годишниот Шпанец е до летото 2026 година. Претходниот договор на дефанзивецот истекуваше на крајот од сезоната 2024/25.
Карвахал вчеравечер се повреди на натпреварот против Виљареал (2:0) во 9. коло од шпанската Ла Лига.
Клубот информира дека на фудбалерот му се дијагностицирани скинати предни вкрстени лигаменти, скинати надворешни колатерални лигаменти и скинат тетива на десното коло. Тој ќе го пропушти остатокот од сезоната. зс/
Фото: ЕПА